Хрватскиот славист Дарко Гашпаровиќ добитник на Светската награда за хуманизам за 2016 година

Истакнатиот хрватски славист, дописен член на хрватската Акдемија на науки и уметности, книжевен теоретичар и театролог со меѓународно реноме и светски познат екуменист Дарко Гашпаровиќ е добитник на Светската награда за хуманизам за 2016 година што по десетти пат ја доделува охридската Академија на хуманизам.
Седумчленото интернационално жири предводено од ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, изрази задоволство што со доделувањето на наградата на Гашпаровиќ Македонија, целокупниот словенски свет, како и сета меѓународна јавност следната година ќе ја одбележат илјада и сто годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, основачот на првиот словенски универзитет и ученик на Светите Кирил и Методиј, прогласени за заштитиници на Европа.
Наградата на лауреатот традиционално ќе му биде доделена за време на празнувањето на Водици идната година, во 2016 година.
Предвидено е во исто време кај Долна порта во Охрид на 19 јануари да биде промовиран и проектот „Охрид - град на светскиот хуманизам” на академик Светлин Русев од Бугарија, кој е и еден од досегашните добитници на ова високо светско признание.
Претходни лауреати на Светската награда за хуманизам беа Даисаку Икеда од Јапонија, Маноел де Оливеира од Португалија, Александар Солженицин од Русија, Рави Шанкар од Индија, Питер Брук од Велика Британија, Вида Огњеновиќ од Србија, Херта Милер од Германија, Светлин Русев од Бугарија и Џон Ралстон Сол од Канада.
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
