Почина Невенка Јурак, поранешна сопственичка на Фими медија и обвинета во таа афера

Сопственичката на маркетиншката агенција Фими медија Невенка Јурак, кообвинета со поранешниот хрватски премиер Иво Санадер во аферата наречена по нејзината агенција, почина вчера во Загреб.
Адвокатот Крешимир Вилајтовиќ потврди дека по долга и тешка болест таа починала во болница во Загреб. Поради нејзината болест, од средината на минатата година, одложувано е повторното судење во случајот со Дими медија, како и изнесувањето на одбраната на Санадер, бидејќи таа сакаше да биде присутна на почиштата и да ја изнесе својата верзија на настаните.
И на повтореното судење во случјот Фими медија, обвинителството го товари Санадер и неговите кообвинети да се учествувале во извлекување околу 9,5 милиони евра од државните институции и фирми. Во случајот се обвинети и тогашни високи функционери на ХДЗ, меѓу кои благајничката и портпаролот на партијата.
Во март 2014 година, Санадер и кообвинетите неправосилно беа осудени за корупција, по што Фими медија беше укината како правно лице. Но таа пресуда „падна“ на Врховен суд, па компанијата „преживеа“, иако согласно пресудата, фирмата и сопственичката требаше да вратат околу две милиони евра имотна корист стекната на кривичен начин.
Во првата постапка Санадер беше осуден на девет години. Тој од почетокот отфрла вина, за разлика од повеќето коосуденици, вклучувајќи ја и Јурак, кои прво признаа вина, но на повтореното судење изјавија дека не се виновни.
Ново на Сител
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
-

Славенички и концертен спектакл – 20 години музичка кариера на Јордан Митев
-

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!
-

Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
