ДОМ: Каков отпад се складира во Дрисла?
По раширените информации по социјалните мрежи дека една од причините за аерозагадувањето е увоз, складирање и горење на опасен отпад во Македонија, зелената партија ДОМ јавно бара одговор од надлежните институции. Тоа се:
Министерството за животна средина со Управата за животна средина, Инспекторатите за животна средина, Министерството за економија, „Дрисла“, и Царинската управа.
Како граѓани, мора да знаеме дали се увезува опасен отпад и дали тој останува во земјата, за да се складира на единствената официјална санитарна депонија „Дрисла“ или на некоја од многуте диви депонии, дали се гори и каде, дали се употребува како гориво за некои од фабриките со А или Б-интегрирана дозвола, или за погони што работат со елаборати?
Бараме споменатите институции да извршат внатрешна контрола на својата документација и работење во оваа смисла и да дадат јавен одговор. Како граѓани, бараме да биде заштитен јавниот интерес и да се преземат итни мерки, било во измена на закони и подзаконски акти, било во санкционирање на евентуалните прекршители на постојната регулатива.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб