Богдановиќ: Се расветлува „Титаник“, се потврдува манипулацијата на ВМРО – ДПМНЕ со гласачите од Пустец
Во случајот „Титаник“, изминатите денови сведоци сме на сведочењето на Јадранка Гулевска, поранешна началничка во МВР во Одделот за управни работи во Скопје. Во нејзиното сведочење јасно и детално е опишан процесот на манипулација со гласовите на граѓаните во Центар.
Слушнавме, видовме и прочитавме како функционирала полциско-партиската спрега и како само за неколку месеци, 600 жители од албанската општина Пустец, добиле право за гласање во Центар и со самото тоа, влијаеле на резултатите од локалните избори во 2013-та.
Од позиција на тогашна централна власт, поранешниот премиер – актуелен осуденик, во бегство, Никола Груевски, заедно со екс-генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски и министрите Јанакиески и Јанкуловска и останатите, свесно се впуштиле во криминални активности, без притоа да бидат свесни за последиците од истите.
Трите круга на локалните избори во Центар во 2013-та беа симболот и главната пресвртница, со што се означи почетокот на крајот на криминалното владеење на ВМРО – ДПМНЕ. Свежи се сеќавањата на сцените со организираното носење на гласачите од Албанија во Центар, но се потсетуваме и на одговорот на центарци и јасно изразената победа во сите три круга.
Но, да се изразам со зборовите на бегалецот Груевски, „Вистината е како шило, ќе врти, ќе врти, па ќе излезе на виделина“. Така и сега, вистината излегува на површина. Случајот „Титаник“ е веќе во напредна фаза и со секое наредно сведочење, јавноста дознава што и како точно се случувало зад сцената во 2013-та.
Верувам во независноста и одлучувањето на македонскиот судски систем. Правда за сите мора да има. А на сите нам, локалните избори во 2013-та нека ни послужат како потсетник урнисаната македонска демократија, кој одамна е завршен и никогаш повеќе не смее да се повтори!
Ново на Сител
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата
-
Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет
-
Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство
-
Приведен косовец, пронајдени седум мигранти на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога