Кампања за подигнување на јавната свест за штетноста од неправилното одлагање на отпадот

ЈП Комунална хигиена – Скопје почнува кампања за подигнување на јавната свест за штетноста од неправилното одлагање на отпадот, што резултира со создавање диви депонии и загадување на животната средина.
Претпријатието соопшти дека личности од домашната јавна и политичка сцена упатија пораки за совесно постапување со отпадот и ги информираа граѓаните за можноста бесплатно да го депонираат својот кабаст отпад во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.
Пораки кои може да се видат на јутјуб каналот снимија Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Градот Скопје, Енвер Маличи, заменик-градоначалник на Градот Скопје, Билјана Секуловска-Габер, советничка во Советот на Градот Скопје, Шабан Трстена, олимписки шампион во борење и Јелена Жугиќ, актерка и советничка во Советот на Градот Скопје.
Ново на Сител
-

Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
-

Засилени контроли за електрични тротинети, во август констатирани 606 прекршоци, одземени 18
-

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
-

НАТО забележува пораст на руските хибридни напади
-

Сослушани сведоци на обвинителството и одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов
-

Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до поскоро членство во ЕУ
-

45 дена затвор за скопјанка која со „Мерцедес“ двапати прегази куче во Улцињ
-

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ со низа настани го одбележува Светскиот ден на сепсата
