Скопје интересен за туристите, по бројот на ноќевања го надмина Охрид

Скопје има потенцијал да привлече голем број на туристи, но потребно е да се збогати понудата и да се направи сериозен исчекор за да тој стане центар на Балканот. Градот по бројот на ноќевања веќе го има надминато Охрид, а за туристите интересни се културно-историските знаменитости, архитектурата и храната.
– Повозрасните туристи сакаат да го видат св. Пантелејмон како бисер на византиската уметност, сакаат да ја видат новата архитектура, не очекуваат еден таков амбиент во Скопје. И храната е една од главните карактеристики и на Скопје и на целиот Балкан. Секој во својата возраст си наоѓа интерес, но важно е дека сите заминуваат со убави спомени, изјави Бранко Босилков, претседател на Асоцијацијата на туристички водичи.
![]()
Дополнителна промоција за градот се и големите спортски настани како што беше одржувањето на Супер купот.
Од Министерството за економија велат дека работат на промоцијата на градот како туристичка дестинација, а од следната година се размислува да се почне со имплементација на новите модели за субвенционирање на туроператорите.
– Се надеваме дека за две недели ќе излеземе со конкретен предлог кој треба да почне со имплементација од следната година бидејќи за годинава туроператорите ги имаат завршено договорите со хотелиерите, изјави Беким Хадиу од Министерството за економија.
Според него, аерозагадувањето во Скопје влијае врз туризмот, но се надева дека мерките што се преземаат ќе го тргнат градот од листата на најзагадени градови во светот.
– Се надеваме дека тоа нема да ни биде пречка за привлекување на што поголем број туристи, рече Хадиу.
![]()
Туристичките потенцијали за Скопје денеска се презентираат пред странските туроператори, а за таа цел е организирана конференција насловена „Скопје во центарот на Балканот“, а планирана е и посета на локалните туристички атракции.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
