Намалено светското производство на вино за 10 отсто поради временските услови
Мразот и сушата, особено во трите главни земји производители на вино Италија, Шпанија и Франција, се причина за намалување на производството за 10 отсто оваа година, покажуваат податоците на Меѓународната организација на винова лоза и вино.
Годинава винариите од целиот свет произвеле меѓу 258,3 и 267,4 милиони хектолитри вино или 262,8 милиони хектолитри во просек, во споредба со 294 милиони во 2018 година, врз основа на проценка заснована на 28 земји и 85 отсто од светското производство.
– По исклучително високиот обем на производство во 2018 година, производството оваа година се врати на просечното ниво од периодот 2007-2016 со исклучок на 2013 година, се наведува во соопштението на меѓувладината организација со седиште во Париз.
Во Европската унија, обемот се намали за 15 отсто во однос на минатата година: 156 милиони хектолитри наспроти 182,7 милиони хектолитри лани. Од првите три винарски земји, најмногу страдаше Шпанија, со пад на производството од 24 отсто на 34,3 милиони хектолитри. Тоа, според организацијата, главно се должи на временските услови, односно многу студена и дождлива пролет и исклучително топло и суво лето.
Италија, чие производство се намали за 15 отсто на 46,6 милиони хектолитри, ја задржува првата позиција како најголем светски производител на вино по волумен. Во Франција, која е на второ место, обемот исто така се намали за 15 отсто на 41,9 милиони хектолитри.
Португалија, со 6,7 милиони хектолитри во 2019 година, е единствена земја во Европската унија која произвела повеќе вино од претходната година (10 отсто), над четири проценти од својот петгодишен просек.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност