ВМРО-ДПМНЕ: Наместено ветеното покачување на капитацијата, власта на матичните лекари им нудат трошки

Реакција на прес конференцијата на Зоран Заев, Венко Филипче и Ден Дончев
Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев и на заминување си поигруваат со здравствените работници. Наместено ветеното покачување на капитацијата на матичните лекари тие предизборно им нудат трошки.
Власта вети и излажа покачување на капитацијата од 55 на 90 денари за матичните доктори, додека за матичните стоматолози од 40 на 70 денари. Наместо ветеното покачување сега ги залажува лекарите со само 8 денари повеќе.
Со политиката на лажење Заев, Филипче и Дончев го бркаат медицинскиот персонал од Македонија.
Заев, Филипче и Дончев ќе останат запаметени само по корупција и криминал. А по ниту еден проект во здравството.
Се што фатија Заев, Филипче и Дончев уништија. Пропадна тендерот за биохемиски лаборатории, стерилизацијата на инструменти и опрема што се користат во хируршките сали ќе биде менаџирана од компанија за која се води судски спор во Албанија и во Италија, сведоци сме на фиктивно јавно – приватно партнерство за детска кардиохирургија.
Дисфункционалноста на здравствениот систем и неизвесноста која ја имаат пациентите, креира нервоза заради која медицинскиот персонал секојдневно под вербални и физички закани, листите за чекање на оперативен зафат или други медицински интервенции, не се јавни и не може да се следат, нема ништо од новиот клинички центар.
Лага е дека за специјалистите ќе имаат плата од 100 илјади денари.
Оваа Влада е на единствен пат, а тоа е да го стави јавното здравство на колена. Токму затоа повеќе од сигурно е дека граѓаните во април 2020 година ќе стават крај на ваквото владеење на Заев, и неговите министри и функционери.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Не застанал на полициски знак, удрил во службено возило, па нападнал полицајци во Липково
-

Насилство во автобус во Драчево: 27-годишник нападнал патници, возач и полицајци, оштетил и возило
-

Тошковски: За десет месеци 33 загинати помалку во сообраќајот
-

Извештај на ЕК: Македонија е целосно усогласена со ЗНБП и ги засили напорите за Реформската агенда, остануваат уставните измени
-

Добра вест: Обезбедена е „Трикафта“ за сите 126 пациенти со цистична фиброза
-

11 возачи приведени во изминатото деноноќие – Осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол
-

ФЗОМ ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги
-

Изгореното тело во автомобилот во Богданци е на 17-годишна девојка – неофицијално, момчето ја убило, па се обесило
