-->
-->
Сензорна соба за лица со попреченост во ООУ „Вера Циривири-Трена“ и стипендии за талентирани ученици спортисти во ООУ „Владо Тасевски“
-->
Нова сензорна соба за ученици со попреченост ќе биде отворена денеска во ООУ „Вера Циривири-Трена“ во населбата Карпош 2, информираат од општината.
На отворањето ќе присуствува градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев. Подоцна тој ќе присуствува на доделувањето стипендии на талентирани ученици спортисти во екоучилницата во ООУ „Владо Тасевски“ во Козле.
Пред присутните, како што е најавено, ќе се обратат градоначалникот Богоев и наставник по физичко образование.
Овие активности се во пресрет на одбележувањето на Денот на Општина Карпош, информираат од локалната самоуправа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло