Две лица повредени при вооружен напад во џамија во Франција

Напаѓачот кој сериозно повреди две лица стрелајќи со огнено оружје пред џамијата во Бајон (Атлантски Пиринеји), а претходно се обидел да ја запали вратата на верскиот објект, е уапсен во неговиот дом во Ланд, јави дописникот на МИА.
– Во 15 часот и 20 минути еден маж се обиде да ја запали вратата од џамијата на Бајон. Изненаден во неговиот обид од две лица, човекот пукаше кон нив, Напаѓачот заминувајќи од местото на инцидентот запалил и автомобил, се наведува во соопштението од префектурата Пиринеј-Атлантик.
Двете жртви се на возраст од 74 и 78 години и се хоспитализирани во Бајон.
Според неименуван полициски извор осомничениот напаѓач е 84-годишен маж, идентификуван како Клод С. Тој беше беше кандидат на локалните избори во 2015 година од Националниот фронт.
Еден тим за деминирање е во неговиот дом во Сен-Мартин де Сеињанкс, на 16 километри од Бајон, во соседниот департман Ланд. Судската полиција е задолжена за истрагата. Околу џамијата е воспоставен безбедносен периметар.
– Нападот врз џамијата Бајон е неискажлив чин апсолутно спротивен на сите вредности на нашето движење. Овие злосторства мора да бидат третирани со најголема строгост, изјави претседателката на Националниот собир, Марин Ле Пен.
Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер на Твитер напиша дека инцидентот во џамијата во Бајон „ги погодува и предизвикуваат негодување кај сите нас”.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
