Претседателот Пендаровски се сретна со млади иноватори од средното училиште „Јосип Броз–Тито“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во МладиХаб – Канцеларија на претседателот се сретна со ученици-иноватори од средното училиште „Јосип Броз–Тито“ во Скопје, кои креираа филтер за оџак за домаќинства, што не дозволува штетните ПМ10 честички да завршат во воздухот.
Од Кабинетот на претседателот соопштија дека станува збор за помала верзија на филтрите што се вградуваат во фабриките, што би имала примена во домаќинствата кои користат цврсти горива и ослободуваат чад. Проценката на младите иноватори е дека со неговата примена ќе се спречи ослободувањето штетни честички во воздухот и значително би се подобрил неговиот квалитет.

Претставувајќи ја својата иновација, учениците го информираа претседателот Пендаровски дека во соработка со приватна компанија работат на подобрување на нивниот прототип и се разгледуваат можностите за негово производство и поширока примена.
Претседателот Пендаровски честитајќи им на учениците за досегашната работа ја истакна потребата за поддршка на младите иноватори воопшто, како еден од носечките елементи во економскиот развој на државата.
Ново на Сител
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
-

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен
-

Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Фон дер Лајен телефонски ќе разговара со Зеленски и други европски лидери
