-->
-->
Седум лица повредени во судир на две возила на патот Тетово-Брвеница
-->

Седум лица на возраст од 17 до 38 години се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случи ноќеска на патот од Тетово кон Брвеница. Сообраќајката се случила при судир на две возила „бмв“ и „голф“ околу 23 часот.
-Во голфот биле четири лица од кои тројца се тешко повредени и однесени на лекување во скопските клиники, додека еден е задржан во тетовската болница. Во „бмв“ имало три лица, а во сообраќајката тешко повреден е возачот кој исто така е однесен на скопксите клиники. Едниот сопатник е задржан на лекување во тетовската клиничка болница, а другиот по укажаната лекарска помош пуштен е на домашно лекување, информираат од СВР Тетово.
Во текот на ноќта е извршен увид и со цел да се открие како се случила сообраќајката
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потпишан мировниот договор меѓу САД и Иран за завршување на блискоисточкиот судир
-

Киев се заканува дека со напади на дронови целосно ќе го изолира Кримскиот Полуостров
-

Променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени
-

СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари
-

Вардар во конкуренција на шест екипи за четири вајлд карти од Лигата на шампионите
-

Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“
-

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех
-

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа, опфатени пет лица
