„Детектор“: Партиите далеку од договор за промена на изборниот модел

Четирите најголеми политички субјекти во земјава имаат различни ставови во однос на изборниот модел. Владејачката СДСМ бара воведување една изборна единица со отворени листи, според ВМРО – ДПМНЕ граѓаните најдобро ќе бидат претставени со мнозински изборен модел, за ДУИ најдобар е системот со шест изборни единици, додека Алијанса за Албанците е за осум изборни единици.
-Ние во предизборната кампања во 2016 во нашата програма ветивме и стоиме на нашиот предлог нашата земја да биде една изборна единица, дури сме и да се оди чекор понатака и да има отворени листи, вели за „Детектор“ потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

Но, со нив не се согласува ниту нивниот коалиционен партнер ДУИ. Во Мала Речица се на став дека актуелниот изборен модел најдобро ги претставува граѓаните.
-За претставување на етничките заедници во една мултикултурна, мултиетничка држава како што е Република Македонија сметаме дека најдобра солуција, најдобар систем е со шестте изборни единици затоа што обезбедува пропорционално застапување на сите заедници во Собранието на Република Македонија, вели пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Според најголемата опозициска партија, најдобро е да има онолку изборни единици колку што има пратеници во Собранието, во случајов, 120.
-Нашиот предлог е да ги вратиме пратеници таму од каде што доаѓаат и да одиме со еден систем кој што го имавме на почетокот на деведесеттите години. А тоа е 120 изборни единици по принципот на мнозински систем каков што има Велика Британија, Канада, САД, со плурално гласање. Оној кој што ќе добие во првиот круг најголем број на гласови да стане пратеник, вели пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски.

Од опозицијата во албанскиот етнички блок доаѓа сосема нов предлог, формирање осум изборни единици.
-Имаме предлог изборите да се организираат во осум изборни единици, согласно постоечките развојни региони што ги имаме во државата. Сме за отворени листи било кој модел да се избере, вели Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците.

Неодамна, неколку помали политички партии, поддржани од претседателот Стево Пендаровски, како и пред секој изборен циклус ја отворија дебата за промена на изборниот модел.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
