Баратели на азил од Самос ќе бидат распределени во други делови на Грција, за попладнево закажан протест

Од Самос на атинското пристаниште Пиреас се очекува денеска да бидат пренесени околу 700 баратели на азил, а оттаму да бидат прераспределени во други делови на Грција, објавија локалните медиуми.
Додека, пак, во следните денови, според истите информации, се очекува уште 300 лица да заминат од островот, што се соочува со сериозни проблеми со прекумерен број бегалци и мигранти.
Според пописот од 2011 година, во градот Самос на истоимениот остров, живеат 6.191 жител, додека, пак, во прифатниот центар што се наоѓа во непосредна близина, наменет за 648 лица, престојуваат 5.968 бегалци и мигранти, jави дописничката на МИА од Атина.
Во знак на протест за ситуацијата на островот, со одлуката на општина Самос денеска затворени се општинските служби, со исклучок на градинките и комуналната служба, а паралелно ќе се одржат и демонстрации.
Општинските служби беа затворени и во петокот, а тогаш протестираа и барателите на азил, но и учениците од средното техничко училиште.
Градоначалникот на источен Самос, Јоргос Станѕос, упати порака до жителите на островот масовно да учествуваат на протестот закажан за попладнево. Вели дека во последните години островот, а особено градот Самос „првпат живее трагична криза“, сменет е нормалниот живот на граѓаните, а доведена е во прашање безбедноста на жителите, на децата, на посетителите, на бегалците и мигрантите.
Ново на Сител
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
