Засадени 150 дрвца долж „Милениумската патека“ на Сува Гора

Околу 150 дрвца се засададени долж „Милениумска патека“ планинарско-рекреативна акција која се спроведе вчера на падините на Сува Гора. Во организација на планинарскиот клуб Јелак од Тетово, Македонската Православна Црква и Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи 105 учесници ја поминаа патеката долга девет километри и учествуваа во акцијата.
-Планинарско-рекреативната акција започна од тетовското село Блаце и заврши во селото Волковија. Дрвцата се засадија на две локации кај црквата Света Екатерина во Стенче и во близина на месноста Чука кај Волковија. Имаше голем број млади и деца, со оглед дека станува збор за лесна патека за пешачење, информираа од ПК Јелак.

Оваа акција се организира по втор пат, а поводот е одбележување на 1000 години од Охридската Архиепископија. Поздравно слово во црквата Света Мина во Волковја каде заврши пешачењето одржи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.
-Патот на нашата Црква бил како оваа патека. Полн со восочини, но и со падови. Пред нас го поминале нашите предци, нашиот народ и свештенството, па страниците на нашата историја се исполнети со богати содржини, како што оваа патека е исполнета со нашето милениумско и постаро црковно и културно наследство: бројните археолошки локалитети, ранохристијанските храмови, поновите цркви и манастири, истакна владиката Јосиф.

Учесниците на Милениумската патеката, ги поминаа православните цркви „Пресвета Троица“ и „Света Петка“ во Блаце, ранохристијанската базилика во областа Граиште, „Свети пророк Илија“, и новоизградената црква „Света Екатерина“ во Стенче. Во Волковија се поминаа „Свети Атанасиј“,„Свети Георгиј“ при некогашниот Волковски манастир и „Свети Мина“.
Ново на Сител
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
-

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
-

Навивачи на „Фемили“ нападнале група навивачи на „Работнички“, тешко повреден малолетник
-

Излезноста во Брвеница до 11 часот изнесува 13,82% – зголемена во однос на првиот круг
-

Скопјанец приведен по пријава дека ѝ се заканувал на сопругата, таа пријавила и долгогодишно малтретирање
