Пендаровски: Сега не е време за калкулации и политички поени, туку за обединување околу нашата иднина

-Убеден сум дека сега е време да покажеме единство. Сега не е време за калкулации и политички поени, туку за обединување околу нашата иднина и иднината на следните генерации. Убеден сум дека ако работиме заедно ќе успееме. Во овие моменти најмалку што ни е потребно е нашето незадоволство да го насочуваме кон одредени членки на ЕУ.
Ова го истакна во обраќањето до граѓаните на претседателот Стево Пендаровски по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решаваше за пристапните преговори со Северна Македонија.
-Сега е најважно ние самите уште еднаш да ги потврдиме нашите позиции во однос на евроатланските интеграции кои немаат одржлива алтернатива. Членството во НАТО ќе се случи наскоро, а членството во ЕУ знаеме одамна нема да биде задача само на една влада, на еден парламент или еден претседател. Убеден сум дека ако го сакаме доброто на сопствената земја единствениот исправен пристап имајќи ги предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество. Не треба да бидеме само формални членки на Унијата туку реално да го усвоиме системот на вредности и да гио примениме во секојдневниот живот, рече Пендаровски.
Соопшти дека добил потврда од големите политички партии дека ќе учествуваат на лидерската средба што ја занкажал за во недела
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
