Во тепачка на средношколци, еден ученик полесно повреден со нож
По расправија која подоцна прераснала во физичка пресметка помеѓу ученици во средното медицинско училиште во Гостивар, вчера попладне, еден ученик е полесно повреден.
За овој случај денеска се расправаше и на состанокот на претставници на полицијата и на педагошките служби на јавните средни училишта во Гостивар за спречување на насилството во училиштата.
Од СВР Тетово информираат дека вчера во 16 часот и 30 минути, Ф.Ј.(42 ) од гостиварска Симница во СВР Тетово пријавил дека околу 13 часот неговиот 17-годишен син, ученик во средно училиште во Гостивар, бил нападнат со остар предмет од малолетник од истото училиште. Ученикот претходно физички се пресметувал со други ученици во училишниот двор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На состанокот беше кажано дека ученикот имал исекотина на десната рака, а училишнита управа и локалната власт ќе помогнат во целосно расветлување на последниот настан, во кој според привчните сознанија учествувале повеќе ученици.
Ново на Сител
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
-

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата
-

38-годишен маж почина од струен удар додека работел на куќа во Кондово
-

Кривична пријава за полицаец од Тетово, не санкционирал возачи кои возеле над 150 км/ч
-

Четиригодишно дете најмладиот милионер во Македонија, највозрасниот е 97-годишен пензионер
-

Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња
-

Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
