Законите за стечајците и за класифицирани информации пред пратенциите

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го одржи четвртото продолжение на 114.седница во рамки на која ќе расправа за дополнетите предлог – закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за воздухопловство, дополнетиот предлог – закон за Инспекторат за употреба на јазиците, во второ читање.
На дневен ред на седницата се и Предлог – законот за изменување на законот за основање државен универзитет „Гоце Делчев” во Штип, предлог – законите за изменување на законите за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за данок на добивка, за извршување на санкциите, сите по скратена постапка, како и предлог – законите за класифицирани информации, за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, во прво читање.
Пратениците ќе ги разгледаат и посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања – Претседателски избори и Предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, градоначалник на општина Ново Село и градоначалник на општина Дебар 2019 година и предлог – одлуката за основање Анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите, поднесен од група пратеници.
Ново на Сител
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
-

Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво
-

Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни двојки до 40 години
-

Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
-

Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година
-

„Дојде денот да го вратам дресот со бројот 7“ – Роналдо официјално се збогува со репрезентацијата на Португалија
