Демонстрантите во Хонг Конг лути на Леброн Џејмс

Демонстрантите во Хонг Конг вчера изразија незадоволство од коментарите на американскиот кошаркар Леброн Џејмс и со кошаркарска топка гаѓаа фотографија од НБА ѕвездата пред да влезе во кош и изгазија дресови со неговото име, а еден и запалија.
Демонстрантите се собраа за да ја искажат лутината поради неговата изјава, а истовремено го поздравуваа генералниот менаџер на Хјустон рокетс Дерил Мори, кој стана нивен херој затоа што на Твитер им даде поддршка, што ги налути кинеските функционери и предизвика прекин на соработката меѓу Кина и НБА.

Околу 200 луѓе извикуваа навреди против Џејмс, јавуваат светските агенции.
Леброн Џејмс на Твитер искажа свое мислење за прашањето дали Мори треба да биде казнет поради неговиот твит кој предизвика економска војна меѓу НБА и Кина, поради кој американската професионална лига би можела да остане без повеќе милијарди долари.
– Да, имаме слобода на говор, но во некои времиња може да дојде до негативни последици кога не размислувате за другите, туку само за себе, напиша Џејмс.
Тој додаде дека многу луѓе можат да бидат повредени, не само финансиски туку и физички, емотивно, духовно, и оти затоа секој треба да биде внимателен кога пишува нешто на Твитер.
Кина е голем пазар за НБА, а после твитот на Мори би мо9желе да бидат скратени големи средства преку разни спонзорства.
Ново на Сител
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
