Грчките медиуми за вчерашниот состанок на министрите на ЕУ за европската перспектива на Северна Македонија и Албанија
![]()
„Совет за општи работи на ЕУ: Блокада на преговорите со Албанија и Северна Македонија“; „Не за Скопје и Тирана за почеток на пристапни преговори“; „Француска блокада на пристапните преговори на Скопје и Тирана“; „Франција- Холандија: Ја блокираат интеграцијата на С.Македонија и Албанија во ЕУ“; „Француско вето за пристапните преговори на Албанија и С.Македонија“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.
Медиумите во Грција, го пренесуваат текстот од државната новинска агенција АНА-МПА, како и од светските агенции, ја цитираат изјавата на комесарот за проширување и на финската министерка за европски прашања, но и објаснуваат дека за датумот за двете земји ќе се разговара на Самитот на Унијата на 17 и 18 октомври, jави дописничката на МИА од Атина.
-Советот за општи прашања на ЕУ не даде зелено светло за почеток на пристапни преговори со С. Македонија и Албанија, бидејќи Франција не се согласи, а некои други земји беа воздржани, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот од текстот.
![]()
– Вето за прашањето за пристапните преговори за Албанија и за Северна Македонија стави Франција. Во ова прашање, француско -германската оска е поделена, при што Меркел и Макрон доаѓаат со различни позиции на самитот на ЕУ, објави грчката државна телевизија „ЕРТ“.
-Министрите на ЕУ не успеаја да стигнат до договор за почеток на пристапни со Северна Македонија и Албанија, пишува „Ефимерида тон синдактон“.
![]()
-По оваа разврска, случајот се упатува на Самитот што ќе се одржи на 17 и 18 октомври во Брисел, кој веќе има огромна агенда што го вклучува Брегзит, но и случувањата во Сирија, објави грчката телевизија „Скај“.
![]()
Веста за состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ и недонесената одлука за Северна Македонија и Албанија се најде и во денешните изданија на грчките весници.
Ново на Сител
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
-

Бугарија влегува во Еврозоната, левот заминува во историјата
-

Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба
