Излезни анкети: Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија „Право и правда” освои најмногу гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во Парлментот, покажаа излезните анкети на компанијата Ипсос.
Според резултатите од излезните анкети, партијата добила 43,6 отсто од гласовите, што значи дека ќе има 239 места во долниот дом на Парламентот, кој има 460 пратеници.
Лидерот на партијата Јарослав Качињнски предупреди дека излезните анкети не се конечни резултати, но сепак прогласи победа.
– Добивме многу, но заслужуваме повеќе, рече Качињнски.
Излезните анкети покажаа и дека центристичката проевропска група „Граѓанска коалиција“ е на второ место со освоени 27, 4 отсто од гласовите.
Најголема партија во тој сојуз е „Граѓанска платформа”, која беше на власт од 2007 до 2015 година.
Според анкетите, цензусот од пет отсто би требало да го поминат и левичарската коалиција, Полската народна партија и новиот крајно десничарски сојуз Конфедерација. Конечните резултати се очекуваат денеска.
Ново на Сител
-

Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати
-

САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји
-

Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД
-

И ова сабота протести ширум Франција
-

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
