Утре без струја повеќе делови од Скопје

Поради технички зафати во електро - системот без електрична енергија утре ќе останат повеќе општини во Скопје, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Во периодот од 8:30 до 14:30 часот корисниците од село Батинци и дел од село Љубош во општина општина Студеничани, од 9:00 до 11:00 часот корисниците од улиците Јордан Филиповски, Трпе Петровски и Жил Верн во општина Кисела Вода и од 11:00 до 13:00 часот корисниците од Булеварот Партизански Одреди броеви 60, 62, 64 и 66, дел од корисниците во ТЦ Лептокарија и Министерството за економија во ТЦ Технодром во општина Карпош.
Во периодот од 9:30 до 15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Гвадалахара и Метохиска во општина Шуто Оризари, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од дел од Стара Чаршија и Дуќанџик во општина Чаир, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од дел од булеварот Илинден (околу средното училиште Орце Николов), улицата Мирка Гинова и дел од улицата Никола Тесла во општина Карпош.
Без струја утре од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата Браќа Грим, дел од улицата Анреа Димишков, улицата Кумановска и улицата Лазар Димитров во општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од делот на улиците Коле Неделковски и Антоние Грубишиќ во општина центар од 8:15 до 10:30 часот корисниците од улиците Коце Металец и Гемиџиска во општина Гази Баба, од 10:00 до 15:00 часот корисниците од улицата Јуриј Гагарин броевите 37, 39 и 41 во општина Карпош и од 11:30 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците Божин Николов, Василие Ѓуровиќ, Лисец и Горноврановска во општина Аеродром.
Ново на Сител
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
-

Муцунски: Остануваме цврсто на позицијата дека во овој момент нема услови за уставни измени
-

Бебе „продадено“ за 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи во Куманово
-

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија
-

Меси се појави на тренинг на Аргентина
-

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура
-

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург
-

Николоски: Градежништвото расте со 7,2 проценти, а градбата на патиштата и железницата со 20 проценти во првото тромесечје
