ВМРО-ДПМНЕ: Нов дефект во РЕК Битола, државата во загуба по 240.000 евра дневно
Неспособноста на Заев и носи милионски штети на Република Македонија секој ден. Не запираат дефектите во РЕК Битола. Вчера вечерта од употреба е исфрлен блокот 3 во РЕК Битола, само ден откако во функција е вратен блокот 1.
Само исклучувањето и вклучувањето на блокот 3 ја чини државата 200.000 евра, дополнително секој ден неработа ја чини државата 240.000 евра. Само за денеска штетата која е причинета во однос на буџетот изнесува околу половина милион евра.
Половина милион евра наместо за нови инвестиции и проекти во енергетскиот систем во државата завршуваат за покривање на штетите предизвикани од неспособните партиски вработени во РЕК Битола.
Неспособноста на СДСМ премногу ја чинеше државата. Само заради лошото управување на власта со РЕК Битола државата оваа година на покривање на штетите потроши над 20 милиони евра.
20 милиони евра наместо на модернизирање на производството одат на покривање на неспособноста на власта.
СДСМ и Зоран Заев и нанесуваат штета на државата, граѓаните и буџетот.
СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција