-->
-->
Катица Јанева нема да дава исказ во обвинителството
-->

Екс шефицата на СЈО, Катица Јанева нема да оди да дава исказ во обвинителството. Ваквата одлука таа им ја соопштила на своите бранители кои денеска во истражниот затвор се сретнале со Јанева.
Адвокатката Ирена Фрчкоска рече дека во оваа фаза од постапката, Јанева одлучила да не ја дава својата одбрана за "Рекет" каде е осомничена за злоупотреба на службената положба.
Во меѓувреме во Апелациониот суд пристигнало мислењето од Вишото јавно обвинителство за жалбата по одлуката на кривичниот суд кој како неоснован го отфрли предлогот таа да ја напушти "Шутка" а дека нема да побегне гарантираше со три станови.
Од судот велат дека во следните денови ќе ја разгледаат жалбата и ќе одлучат дали за Јанева ќе се прифати одредување на поблага мерка на претпазливост.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
