Одреден притвор за двајца албански државјани за шверц на дрога
Мерка притвор во траење од 30 дена им е одредена на двајцата албански државјани, кои беа уапсени во неделата на граничниот премин „Богородица„ на излез кон Грција со марихуана во вредност од околу 200 илјади евра наменета за турскиот пазар.
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двете лица поради постоење на основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Двајцата осомничени, татко и син, по претходен договор и во заедница, на 6-ти октомври неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 44,742 килограми. Дрогата, спакувана во 45 пакувања, осомничените ја пренесувале во патнички автомобил „опел мерива“ со регистарски ознаки од Република Албанија. При вршење контрола на возилото од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица биле пронајдени 25 пакувања марихуана сместени во посебно изработен простор – бункер под задните седишта и по 10 пакувања дрога сместени во посебно изработени простори – бункери под возачкото и совозачкото седиште, се вели во соопштението од ЈОРМ.
Имајќи ги предвид висината на запретената казна и можноста осомничените да го повторат кривичното дело, како и тоа дека осомничените се странски државјани и немаат живеалиште во Република Северна Македонија, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат законски основи за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Од ЈО информираат дека, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
