Апостолова: Изборите - значаен ден за демократијата во Косово

Шефицата на мисијата на Европската унија во Косово Наталија Апостолова ги повика попладнево граѓаните на Косово да излезат и да гласаат за вонредните парламентарни избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Апостолова во своето обраќање до косовските гласачи нагласи дека денешниот ден е исклучително значаен за земјата и изрази задоволство што досегашниот процес на гласање поминува мирно и согласно изборните правила.
– Денеска е мошне значаен ден за Косово, ова е денот кога демократијата ќе ја каже вистината за тоа што ќе се случува во Собранието. Граѓаните на Косово треба да излезат и да гласаат, ова е исклучително значаен ден, порача Апостолова.
Претставничката на ЕУ најави дека до 19 часот, кога ќе се затворат гласачките места, лично ќе посети неколку од нив.
Европската унија за вонредните парламентарни избори во Косово испрати своја посебна набљудувачка мисија, која денешниот процес на гласање го следи со 58 тимови и во првата половина на изборниот ден оцени дека не забележала посериозни неправилности.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.
Ново на Сител
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
