СзС-Доцна е за преговори со властите за изборите

Опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС) соопшти дека не е подготвена за какви било преговори со власта за изборите што треба да се одржат пролетта 2020 година, затоа што е премногу доцна за вакви преговори.
-Го поздравуваме вклучувањето на Европскиот парламент и подготвени сме да разговараме со нејзините претставници за состојбата во Србија, како и за спроведувањето на барањата на експертскиот тим на протестите „Еден од пет милиони“ за да се воспостават услови за демократски избори, кои би биле спроведени најмалку девет месеци пред изборите, се наведува во соопштението.
Како што се додава, СзС е во кампања за бојкот, во текот на која сигурно нема паралелно да преговара со актуелната власт, „која наголемо води изборна кампања за лажни и наместени избори под постоечките услови“.
Поранешните европратеници Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн како што објави претходно порталот Европски Западен Балкан на 9 и 10 октомври ќе бидат медијатори на Европскиот парламент на состаноците во српското Собрание на претставниците на власта и опозицијата.
Како што јави дописникот на МИА, синоќа во Белград се одржа и 44-тиот протест на „Еден од пет милиони“, на кој беше порачано дека на 4 ноември ќе се реши проблемот со „лажниот докторат“ на министерот за финансии Синиша Мали. Протестот се одржа и со идејата да се потсети на демонстрациите на 5 октомври, кои го означија крајот на власта на југословенскиот и српски претседател Слободан Милошевиќ.
– 19 години покасно, Србија повторно е окупирана држава, бидејќи Вучиќ ги грабна институциите и медиумите. Не се согласуваме со лажирани избори, а на слободните избори граѓаните ќе го тргнат Алекандар Вучиќ, порачаа граѓаните на протестот.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028
-

Европа излегува на улици - Тридневни протести планирани во седум земји
-

Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември
-

Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
