Mицкоски: Aко сега има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 100.000 гласови разлика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното телефонско интервју за македонско радио од Сиднеј порача дека сите анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред СДСМ и дека доколу сега има избори, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 100.000 гласа разлика.
-Се што кажавме во минатото се потврдува. Мислам дека во овој момент Зоран Заев е давеник кој се обидува да се фати за сламка и се обидува со еден воинствен речник од типот газам и слично да ја мобилизира онаа структура на подржувачи во рамките на СДСМ, бидејќи според нашите информации постои сериозна раслоеност во рамките на самата СДСМ токму тоа е една од причините зошто Зоран Заев не сака да има предвремени парламентарни избори зошто знае дека ќе доживее дебакал. Инаку нелогично е човек кој е толку сигурен дека блеска дека ќе згази на избори и така натаму да не ги организира тие избори да си добие нови четири години но јас ќе ви кажам тука не станува збор за логика туку станува збор за страв знае дека ги губи знае дека ќе доживее дебакл и знае дека после дебаклот следи одговорноста за сето ова кое го направи во Република Македонија на било кој план следи одговорност за сите досегашни политики но и следи одговорност и за криминалот кој се случуваше еве веќе трета година по ред. Јавното мерење на јавното мислење оди во насока на тоа дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, а поддршката на СДСМ опаѓа. Последната анкета која е објавена во текот на вчерашниот ден е јасно недвосмислено покажува огромна поддршка на ВМРО ДПМНЕ споредено со СДСМ. Таа поддршка, сме кажале во минатото доколку сега има парламентарни избори ќе биде изразена најмалку со 100.000 гласа разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
