Викендов привремен сообраќаен режим во Скопје поради „Бела ноќ“
![]()
Град Скопје информира дека вечер, од 19 до 24 часот, ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Партизански одреди“, на потегот од вкрстувањето со улицата „Франклин Рузвелт“ до вкрстувањето со улицата „Костурски херои“ и тоа само во насока од Ѓорче Петров кон центарот поради одржувањето на манифестацијата „Бела ноќ“.
В недела, од 7:30 до 11:30 часот, за сообраќај ќе бидат затворени повеќе сообраќајници во градот поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 км“. Во овој период за сообраќај целосно ќе бидат затворени делниците: булевар „Илинден“ во двете насоки, од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до улицата „Никола Парапунов“, улица „Никола Парапунов“ – од булеварот „Илинден“ до булеварот „Партизански одреди“ и булевар „Партизански одреди“ во правец кон Ѓорче Петров, од крстосницата со улицата „Љубљанска“ до улицата „Ангел Динев“ – мост „Влајко“.
Во истиот период привремено ќе бидат затворени и булеварот „8.Септември“, од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Скупи“ ( кај Хубо маркет) и улицата „Бледски договор“.
Градските власти апелираат граѓаните да се придржуваат на привремено воведениот режим на сообраќај, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
-

Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди - опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% годинава
-

Акциска контрола на возила за јавен превоз - за пет часа констатирани 92 неправилности
-

Претрес во Гостивар, пронајдени автоматски пиштол „Шкорпион“ и муниција, уапсено едно лице | ФОТО
