За „Монструм“ било предупредувано, знаеле советник на претседателот и „Радникот“
Полицаец со инцијали З.Т. на соговорник му кажува дека позади убиството на момчињата и рибарот на Смилковското Езеро стои поранешниот полицаец и командир на ГП Блаце, а сегашен убиец на полицаец, пишува во транскриптот на СМС пораката што денеска ја прочита судијата Осман Шабани на рочиштето за предметот „Монструм“.
Полицаецот на соговорникот му вели дека знаел оти, според него, сомнителното лице, ќе предизвика инциденти со униформирана група за да ја покаже неговата моќ.
– За ова го известив и советникот на претседателот, но и „Радникот”, кој сега не можам да го добијам на телефон, не ми се јавува, вели полицаецот во СМС пораката.
Според него, сомнителниот е во бегство поради убиство на полицаец од специјалните единици.
Таткото на едно од убиените момчиња, по паузата побара од судијата Огнен Ставрев да се обезбеди снимка од собраниска седница кога премиерот Зоран Заев дава одговор на пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ за „Монструм“, каде според него, кажал многу важни работи за случајот.
Според него, премиерот кажал дека сите материјали од претходното судење сега се декласифицирани. На прашање на судијата Огнен Ставрев дали тоа нешто ќе помогне, таткото рече дека Заев ќе биде повикан како сведок и во судот да каже.
Ставрев најави дека ќе се обиде да ја обезбеди таа собраниска седница и да се пушти во Судот, по што продолжи со читање на СМС пораки.
Ново на Сител
-
Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната
-
Три лица убиени во напад со нож на Менхетен
-
Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
-
Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет