Брука во кралското семејство - уапсен внукот на Меган Меркл
28-годишниот Томас Дулеј внук на Меган Меркл, бил приведен минатиот четврток бидејќи бил виден како се шета по улиците гол, зборувајќи бесмислици и носејќи на себе само мал пешкир околу половината.
Шокантната снимка го прикажува роднината на кралското семејство, но гол, како полицијата се обидува да го стави во задниот дел од автмобилот. Апсењето следело откако било пријавено дека тој се шета по улиците гол, зборувајќи глупости. Полицијата тврди дека Дулеј за тоа време бил под дејство на дрога.
Според претходните извештаи, Дулеј бил близок со војвотката од Сасекс кога била помлада. Тој пружел отпор при апсењето, а неодамна објавената снимка од инцидентот го прикажува како вреска додека неколку од полицајците се обидуваат да го стават во автомобилот.
„Изгледа дека е гол“ - се слуша како зборува човекот кој што го снима сето тоа.
Четворицата полицајци се обидувале да го сместат Делеја во полицискиот автомобил додека тој гласно врескал и пцуел.
„Целосно е гол“ - напоменува снимателот. Исто така на снимката може да се чуе полицискиот хеликоптер кој кружи над нив.
Дулеј е обвинет за прекршок, но изјавено е дек еден од одговорните полицајци во текот на апсењето го повредил коленото па Дулеј го обвиниле и за кривично дело, противење на апсење. Исто така изјавено е дека во текот на неговото апсење тој бил под дејство на дрога.
Ново на Сител
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
-

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, реконструкцијата ќе биде на крајот на мај или јуни, можни се ротации на ресорите
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
