Трамп за мигрантите: Пукајте им во нозе, рововите наполнете ги со змии

Американскиот „Њујорк Тајмс“ објави делови од книгата „Гранични војни: Напад на Трамп врз имиграцијата“ што ќе биде објавена на 8 октомври, а во која се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп им предложил на своите соработници да се борат против нелегалната миграција од Мексико во САД со тоа што на мигрантите ќе им се пука во нозете, ровови полни со змии и алигатори, шилци врз ѕидот на границата.
Во книгата на новинарите Мајкл Д.Шир и Џулија Хиршфелд Дејвис се наведува дека Трамп ова го кажал за време на серија состаноци со неговите советници во март.
– Правите да изгледам како идиот, им викал на соработниците кои не се согласувале со неговите идеи. Меѓу присутните соработници на состанокот биле и тогашната државна секретарка за безбедност Киртсен Нилсен и тогашниот советник, инаку неговиот зет, Џаред Кушнер, кои ја напуштиле салата за состаноци во паника.
Трамп исто така имал идеја дека граничниот ѕид да биде обоен во црно за да апсорбира што е можно повеќе топлина, што ќе го отежни преминувањето на оние кои се качуваат по ѕидот, а исто така размислувал и за конструкција на површина што би спречила качување, како и криви метални цилиндри, но естетски. не му се допаднало.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
