Арсовска на Самитот на „Економист“: Западен Балкан е слепото црево на Европа, неопходна е ЕУ интеграција
Западен Балкан како гето не носи повеќе можности за успех, ниту за државите поединечно, ниту како регион и овој пристап не даде резултати. За да се овозможи развој потребно е нашата земја што поскоро да се интегрира во Европската унија, а не да биде дел од Западен Балкан, како слепо црево на Европа. Тоа е единствениот начин за да ни се овозможи подеднакво да учествуваме на единствениот економски пазар, но и да пристапиме и да се отвориме кон и за глобалните пазари, рече претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска на панел сесијата посветена на економијата во рамки на Самитот на лондонски „Економист“.
Според Арсовска, датумот за интеграција треба да е транспарентен и извесен, како и безрезервната поддршка во имплементирање на структурните економски реформи. Она кое што е предизвик за сите држави од Западен Балкан е што сите меѓусебно се конкуренти и покрај тоа што традиционално се најдобри партнери во трговската размена заедно со западно-европските земји.
-Вториот заеднички предизвик за економски развој на регионот е владеењето на правото, поточно, најголемиот јаз согласно индикаторите на Светска Банка помеѓу земјите од ЕУ и Западен Балкан е владеењето на правото, борба против криминалот и корупцијата, нагласи Арсовска.
Додаде и дека со отстранување на бариерите кои го отежнуваат растот на компаниите во земјите од регионот, ќе се создаде можност преку поттикнување на претприемништво и иновации, да се создадат нови работни места и да се искористи потенцијалот на човечки капитал кој е клучен за постигнување на економски раст.
Арсовска посочи дека инфраструктурните проекти се долгорочни ивестиции кои ќе го поврзат регионот со светот, при што условите за напредок преку заеднички регионален пазар од над 20 милиони ќе го направат регионот поконкурентен, но и секоја од државите поединечно, со оглед на тоа што засебно сме мали пазари, а преку хармонизирање на инвестициските политики ќе им се овозможи на странските вложувачи да работат послободно во регионот.
На панел сесијата учествуваа и директорот на канцеларијата на Светска банка во земјава, Марко Мантованели, како и претседателот на Федерацијата на индустрии на Грција (СББЕ), Атанасисо Савакис. Се дискутираше за можноста Западен Балкан да се развива како бизнис хаб, со особен акцент на привлекување инвестиции во регионот, инфраструктурна поврзаност и можност за економски раст преку иновации.
Давајќи одговори на трите теми Арсовска истакна дека погрешен е пристапот државите од регионот, вклучувајќи ја и нашата, да се гетоизираат во Западен Балкан.
Минатата година Самитот на ЕУ и Западен Балкан се одржа во Белград, каде Арсовска учествуваше на панел сесија посветена на одржлив пат на регионот кон економски развој, претходно во Подгорица, Виена, Букурешт и други европски центри
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина