Модна ревија на дизајнерот Папаз во Сараево
![]()
Македонскиот моден дизајнер Папаз предизвика големо внимание во Сараево со неговата луксузна и префинета лимитирана колеција насловена како Три. Колекцијата е симбиоза на стилови од западни и источни култури, претопени во модна силуета адаптирана на нашето поднебје. Изобилува со елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави, здолништа и панталони во широк крој и вечерни фустани.
Папаз на покана од креативниот директор Аднан Хјрулаховиќ беше дел од големиот проект Europa Fashion Passport наменет за 30 модни дизајнери и нивно вмрежување на земјите од централна и источна Европа.
„За мене ова беше еден чекор понапред да се биде дел од еден ваков голем проект. Мојата ревија беше на отворањето на настанот која навистина беше одлично прифатена од публиката. Овие неколку дена освен што се претставував себеси, имавме можност заедно со асистентот да проследиме обуки и работилници, да присуствуваме на покани од амбасади и да го почувствуваме есенскиот шмек на Сараево“ изјави Папаз.
Папаз за новата колекција есен-зима ‘19/’20 подготви и мултимедијален проект со фотографии и со креативно видео во кое земаа учество интересни и различен тип на жени од општеството, за кои наскоро ќе има премиера на неговите социјални медиуми.
„Конечно нешто по различно направивме. Искрено имам наплив на голема инспирација која ја преточив во новата колекција насловена како Три. Колекцијата е наменета за жени кои сакаат да бидат моќни и доминантни, кои на фотосесијата и видеото токму тоа го прикажуваме, во кои се вклучени и дел од моите музи“ додаде Папаз.
Папаз следната година го очекуваат нови ревии и претставувања во други земји во Европа.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
