-->
-->
Охридското Езеро порибено со „европска јагула“
-->
– Охридското Езеро е порибено со подмладок на јагула од типот „Европска јагула“ во акција што ја спроведе денеска АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).Како што информираат од ЕСМ, во Охридското Езеро биле пуштени 29.421 парче подмладок на јагула со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот еко-систем на езерото.
Јагулата, како што соопшти ЕСМ, е набавена согласно со законските прописи, преку распишан тендер, во вредност од седум милиони денари, при што се запазени сите процедури за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото.
– Акцијата е дел од општествена одговорност на ЕСМ како компанија која користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидроелектраните Глобочица и Шпилје, согласно со водостопанската дозвола добиена уште во 60-тите години на минатиот век, наведуваат во соопштението и дополнуваат дека оттогаш спроевдуваат акции за порибување за одржување и збогатување на живиот свет во езерото
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
