-->
-->
Самит на Економист во Скопје – „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“
-->

„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ е темата на годинешното издание на Самитот на Економист, што ќе се одржи задутре во Скопје.
Се очекуваат присуство на околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари. Меѓу гостите и панелистите се премиерот Зоран Заев, помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, поранешните премиери на Грција и на Белгија Алексис Ципрас и Гај Верхофштат, Мартин Шулц поранешен претседател на Европскиот Парламент,…
Нашата држава првпат е домаќин на настанот, во организација на Економист најпознатиот неделен економски магазин кој има милионски тираж и е основан во 1843 година. Самитот во Скопје доаѓа во пресрет на очекуваната одлука за доделување датум за почеток на преговори за Северна Македонија и почеток на нова ера во евроинтеграциските процеси на Западен Балкан.
Оваа година е клучна затоа што станува збор за уникатна ситуација со оглед на очекуваниот Брегзит, нов состав на Европската комисија и Европскиот парламент, но и трговските војни на САД и поместувањата на глобалната геополитичка мапа.
– Во вакви услови југоисточните земји од Европа се обидуваат да имплементираат сериозни социјални и економски реформи со цел да се приближат до побогатите земји. Северна Македонија изминатава година даде нова надеж дека регионалните конфликти може да се решат и економијата да се придвижува напред. Во овој контекст Самитот на The Economist односно Economist Events ќе биде под насловот: „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, потенцираат организаторите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
