Македонија
27. September 2019 - 21:52

Американската амбасада одвои 100.000 долари за реставрација на манастирот Вељуса

Со поддршка на САД манастирот во Вељуса ќе биде целосно реставриран и конзервиран. За таа цел преку амбасадорскиот фонд за културна заштита се обезбедени 100.000 американски долари. Договорот за реализација на проектот кој предвидува реставрација на црквата посветена на Пресвета Богородица Елеуса и конзервација на мозаиците и фрескоживописот беше потпишан денеска во манастирот во Вељуса од страна на амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз и министерот за култура Исмаили. Според амбасадорката Брнз со реализацијата на овој ќе се ревитализира извонредно богатство не само за Македонија туку и за светот.

Според викарниот епископ Стобиски господин  Јаков поддршката која САД ја даваат за зачувување на културното наследство е многу значајна за манастирот кој постои од 1080 година и е единствен од тој период во државата кој е целосно сочуван.

Проектот за реставрација и конзервација на манастирот во Вељуса ќе се реализира преку завод и Музеј Струмица и  е планирано да трае две години.