Црна Гора очекува хибридни напади пред изборите, НАТО испраќа помош

Црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ синоќа рече дека Црна Гора очекува засилени хибридни активности во пресрет на парламентарните избори во 2020 година и дека првиот воен тим на НАТО за борба против хибридна војна ќе пристигне во Црна Гора до крајот на оваа година.
Тој ги спореди очекуваните хибридни напади со обидот за пуч во пресрет на изборите во октомври 2016 година, за чија организација во црногорските судови се осудени двајца агенти на руската разузнавачка агенција ГРУ.
– Тогаш покажавме дека сме цврст орев и дека не е така лесно да се порази Црна Гора и нејзините демократски достигнувања. Исто така, Црна Гора е под постојани хибридни активности на различни засегнати страни, што е евидентно на дневна основа во врска со различните владини, а не само владини политики, рече Бошковиќ
Дека првиот специјализиран тим на НАТО за борба против хибридни напади ќе пристигне во Подгорица објави на крајот на август порталот Политико.еу, потсетувајќи дека лидерите на НАТО се согласиле во јули 2018 година да формираат противхибридни тимови, кои на сојузници на нивно барање ќе им обезбедат помош при подготовките против хибридни активности и реакција на нив.
Ново на Сител
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
