Бектеши: Нов ски лифт на Попова Шапка за претстојната сезона
![]()
Новиот шестосед ски лифт којшто се гради на Попова Шапка ќе биде во употреба за оваа зимска и скијачка сезона, вели министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска беше на увид во градежните работи на патот до ски центарот.
Според Бектеши, техничкиот прием на новиот ски-лифт ќе биде за три до четири недели.
-Ќе има теститање на ски лифтот ќе се овозможи на ЕЛЕМ Турс да го стави во функција пред да почне зимската сезона кога Шапка се посетува најмногу. Нема да застанеме тука, наша цел е да создадеме регионален центар којшто нема да придонесе само во локалниот, туку и во регионалниот развој и каде ќе се креираат нови работни места, рече Бектеши.
Анализите коишто се права, наведе, ќе дадат насоки како ќе се развива во иднина Попова Шапка, а одлуката ќе биде донесена наредната година.
– За таа цел кај ЕЛЕМ Турс се спроведува длабинска финансиска анализа, сега ја чекаме и физибилити студијата и тие документи коишто се многу прецизни ќе ни дадат насока каде треба да се движиме. Наредната година ќе се знае што ќе се прави воопшто со Попова Шапка, со ски лифтовите, хотели и во целост што со ЕЛЕМ Турс,истакна Бектеши.
Тој посочи дека Министерството ќе даде помош на општина Тетово околу останатите активности за подобрување на инфраструктурните услови на Попова Шапка и викенд населбата.
Ново на Сител
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
-

Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа
-

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин
-

Вонредна ситуацијата во САД, прекинати сите полетување на авиони
-

Мицкоски на увид во градежни активности на проект за подобрување на водоснабдувањето во руралната населба Каменик во Кисела Вода
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
