-->
-->
За седум месеци Скопје ќе добие нови еколошки автобуси
-->
Градот Скопје потпиша договор за 33 градски автобуси MAN Lion's City CNG со погон на метан. Новите автобуси треба да пристигнат најдоцна за седум месеци и сите ќе бидат заменети со најоштетените досегашни автобуси.
21 од новите автобуси ке бидат единечни ( со 85 места од кои 25 за седење) и 12 зглобни (149 места од кои 41 место за седење)
- Еден еко автобус на гас ќе заштедува 25 илјади евра годишно на гориво истите се со еуро 6 стандарт за минимално загадување за животната средина за што ќе придонесе за 700 % намалување на ПМ честичките. Новите МАН автобуси се со поголем број капацитет на патници,изјави Шилегов.
Новите автобуси ќе бидат под гаранција три години
- Предност кај новите автобуси е редовно одржување со гаранција од 3 години, што значи дека ЈСП нема да има издатоци за тој период. Во возна сосотјба во моментов се 320 автобуси од кои секојдневно се користат 280 автобуси. Еден од новите единечни автобуси чини 263 000 а зглобен 334 000 евра, изјави директорот на ЈСП Кристијан Чушков.
Мирјана Давидовска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
