Свет
25. November 2015 - 10:45

Шокантна изјава - Откриена причината што ги тера терористите да станат бомбаши-самоубијци

Многу експерти истражуваа што е тоа што ги тера луѓето своите нормални животи да ги променат со преминување во Ислам, станувајќи воедно и бомбаши-самоубијци. По нападите во Париз кои се случија пред дне недели, на Петок 13, каде беа убиени 129 лица, а 350 ранети, како и понатамошните напади во хотелот во Мали и Египет, голем број експерти се интересираат на темата зошто млади лица се одлучуваат да станат бомбаши-самноубијци, да сеат крв и страв, а воедно да ги променат и завршат и своите животи.
 
По последните случувања во Париз, повеќето терористи сами се разнесоа, мозокот на операцијата беше убиен од полицијата, а неговиот брат, исто така терорист кој учествувал во нападот, Салах Абдеслам, сеуште е на слобода. Што е тоа што го натера 26-годишното момче да премине во Ислам и да сее смрт?
 
Како што вели италијанскиот социолог Rijaz Hasan, важна улога игра фактот дека претежно бомбашите-самоубијци се млади лица, момчиња, но и девојчиња. Сепак, тој вели дека нападите не можат да се планираат и спречат судејќи според возраста, а во тоа се согласува и антропологот Skot Atran, кој додава дека за жал нападите не можат да се спречат и да е познат профилот на терористите.
 
- Тие во суштината не се разликуваат од другите луѓе, велат експертите и додаваат дека динамиката на една мала група влијае на поединецот. Пензиониран професор го испитувал овој феномен и разгледувајќи група од 15 терористи од Тел Авив, заклучил дека не се разликуваат од другите луѓе. Тој бил изненаден кога групата која била фатена пред да направи напад, се согласила да разговара со него. Според него, тоа биле депресивни, меланхолични момчиња, кои немаат многу енергија и се зачудувачки чувствителни. Вакви карактеристики покажале 40 отсто од нив, додека останатите 40 биле поискрени. Еден од нив признал дека си ги исекол вените кога му починал таткото, но го спасиле.
 
Резултатите од истражувањето ги објавил во статијата "Тероризмот и психичкото насилство". Според истражувањата, тие се луѓе на кои животот им задал многу удари. Тоа се луѓе кои најчесто имаат суицидни мисли.