-->
-->
Полицаец на Флорида отпуштен од работа затоа што уапсил шестгодишни деца
-->
Полицаец на Флорида е отпуштен од работа откако уапсил две шестгодишни деца минатата недела поради непримерно однесување во училиште, соопшти полицијата во Орландо.
– Денеска кога дојдов на работа беше јасно дека не постои друго решение за да се поправи ситуацијата, освен да биде отпуштен полицискиот службеник, рече началникот на полицијата на Орландо.
Полицаецот Денис Тарнер ги уапсил децата во четвртокот, обвинувајќи ги за напад, рече главната обвинителка на Флорида, Арамис Ајала, која додаде дека началникот на полицијата и рекол оти нема намера да ги гони по службена должност и барал од неа да ги отфрли тие обвиненија.
Тарнер не барал дозвола за приведување на деца помлади од 12 години, на што бил обврзан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа