Осум граѓани од Штип, Свети Николе и Кочани измамени при купување на дрва
Осум граѓани од Штип, Свети Николе и Кочани се измамени при купување на дрва за греење во текот на изминатите три месеци. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека последните два случаи се случиле во исти ден на 20 септември во Свети Николе. Токму поради поголемиот број на регистрирани измами денеска СВР-Штип упати апел до граѓаните, а особено до повозрасните лица кога непознати лица им нудат огревно дрво за многу пониска цена од продажната
-Начинот на измама сторителите го вршат со доаѓање во домот на постари лица, при што ги доведуваат во заблуда со лажно прикажување на факти дека продаваат огревни дрва, ги наведуваат да им ги платат дрвата под изговор дека камионот со дрва е во близина и дека дрвата ќе им бидат донесени, ги земаат парите, по што заминуваат, вели Панајотова.
Таа додава дека имаат и такви случаи кога непознатото лице го повикува оштетеното лице да појдат заедно да ги видат дрвата и откако доаѓаат на одредено место, непознатото лице му вели на купувачот да почека да пристигне камионот, а тој се враќа во неговиот дом и кажува на сопругата дека се согласиле, ги зема парите и заминува. Ова се два примери на коишто најчесто се наседува на приказните на измамниците. Панајотова апелира до граѓаните сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.
Ново на Сител
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија

