Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Импресум
  • Маркетинг
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Балкан
20. September 2019 - 15:41

Ружичка по средбата со Варвициотис: Го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија

Tweet
 

 Двајцата го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, порача заменик министерот за надворешни работи на Словачка, Франтишек Ружичка, по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Проширувањето на Европската унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан беа една од темите за кои разговараа Варвициотис и Ружичка.

Заменик министерот за надворешни работи на Словачка рече дека во октомври европскиот совет треба да донесе важни одлуки за земјите од Западен Балкан.

– И двајцата го поддржуваме напредокот и отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Исто така, генерално, ние би сакале сите земји од Западен Балкан во иднина во Европската унија. Знаеме дека никој не е совршен, ние не сме совршени, рече заменикот МНР на Словачка, по средбата со Варвициотис.

Ружичка говорејќи за односите на Словачка со Грција, го спомена и наследството од античка Грција, како што се демократијата, филозофијата, олимписките игри, но и Кирил и Методиј.

Брегзит, миграциското прашање, билатералната соработка и иднината на Европа беа останатите теми за кои разговараа заменикот министер за надворешни работи на Словачка и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција

 

 

Tweet

Балкан

  • Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

  • Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок

  • Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО

Популарно од Балкан

  • Најчитани
  • Најсподелувани
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје

  • Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова

  • Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо

  • Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година

  • Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија

  • Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие

  • Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација

  • Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2026 Сител Телевизија