ЕП: Финска и Турција одиграа за осминафинале
Македонија, сепак, нема да игра во осминафиналето во својот прв настап на Европското првенство во одбојка, откако Финска со 3:2 (25:20, 15:25, 18:25, 25:23, 15:12) успеа да ја победи Турција и да не прескокне на четвртото место на табелата во групата Ц.
По победата на Турција над Белорусија (со која Турците го обезбедија местото меѓу најдобрите 16), за Македонија да влезе во елитата и да осигура дуел со Франција ни беше потребна уште една победа на Турците.
Сепак, Финците влегоа помотивирано во мечот и поведоа со 1:0 во сетови, пред Турција да направат пресврт и да поведат со 2:1. Финска на крајот успеа да го освои четвртиот тесен сет и на крајот со 15:12 да го добие тај-брејкот за да го освои четвртото место на табелата, додека Турците се трети.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
ГРУПА А
Португалија – Романија 1:3 (21:25, 25:19, 18:25, 23:25)
Франција – Италија 3:1 (25:22, 22:25, 25:21, 25:22)
Табела: 1.Франција 15, 2.Италија 12, 3.Бугарија 9, 4.Грција 3, 5.Романија 3, 6.Португалија 3
ГРУПА Б
Германија – Словачка 3:0 (25:23, 30:28, 25:19)
Белгија – Србија 0:3 (19:25, 21:25, 19:25)
Табела: 1.Србија 12, 2.Белгија 11, 3.Германија 7, 4.Словачка 5, 5.Шпанија 3, 6.Австрија 1
ГРУПА Ц
Словенија – Русија 0:3 (21:25, 21:25, 21:25)
Финска – Турција 3:2 (25:20, 15:25, 18:25, 25:23, 15:12)
Табела: 1.Русија 15, 2.Словенија 9, 3.Турција 7, 4.Финска 6, 5.Македонија 6,, 6.Белорусија 2
ГРУПА Д
Украина – Естонија 3:0 (25:17, 25:15, 25:14)
Холандија – Чешка 2:3 (18:25, 25:18, 20:25, 25:22, 14:16)
Табела: 1.Полска 12, 2.Холандија 10, 3.Украина 9, 4.Чешка 5, 5.Црна Гора 3, 6.Естонија 0
Ново на Сител
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот