Макрон и Конте: ЕУ мора да воведе нов систем за прием на мигранти

ЕУ мора да воведе нов, автоматски систем за прием на мигранти спасени во Медитеранот, изјавија лидерите на Италија и Франција, Џузепе Конте и Емануел Макрон.
Италија долго се жали дека е оставена сама да се бори со стотици илјади мигранти кои го поминале морето во напорите да стигнат до Европа, потсетуваат светските агенции.
Тоа прашање доведе до тензии особено меѓу Рим и Париз, при што Италија се пожали дека француски невладини организации спасувале мигранти, но Франција не направила доволно за да помогне во нивното прифаќање.
– Јас не го потценувам она низ што помина Италија од 2015 година. Таа исто така претрпе многу неправди и несогласувања – рече Макрон на заедничка прес – конференција со премиерот Конте во Рим.
Макрон додаде дека е уверен оти е потребен автоматски европски механизам за прием на мигранти.
Конте рече дека добил француска поддршка за систем за редистрибуција на мигрантите, што би значело дека Италија може да смета на тоа дека целата Унија од 28 нации автоматски ќе прифати удел од вкупниот број на сите новопристигнати мигранти откако ќе бидат спасени.
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Берово со -11 степени, снег до 24 сантиметри на Попова Шапка
-

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос - предвидени се бројни состаноци за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија | ВИДЕО
-

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија порасна на 40, прогласена тридневна жалост
-

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Еуро 2026
-

Стратува второто полугодие за учениците
-

Седница на Совет на ЈО, треба да се бира нов шеф на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски повторно сака избор
-

Се очекува Радев да поднесе оставка до Уставниот суд
