Инспекторите поднесоа шест прекршочни пријави за горење стари гуми во Костурино

Општинскиот и државниот инспектор за животна средина поднесоа шест прекршочни пријави против лица од селото Костурино за горење стари гуми и тие ќе добијат налози за плаќање глоба во висина од 200 евра, соопшти инспекторката за животна средина при општина Струмица, Микица Чавдарова.
Вонреден инспекциски надзор вчера бил извршен во местото Буќевиќ, кај селото Костурино, каде се врши печење на вар во варници и при тоа на местото на настанот биле затечени шест лица, кои ги подготвувале варниците.
-Дел од варниците беа наредени, а некои се уште ги подготвуваа. Кога видоа дека доаѓаме варџиите побегнаа, но таму останаа нивните трактори и камиони и врз основа на регистарските таблички е утврден идентитетот на лицата кои се сопственици. Денес е подготвен записник и напишани се шест прекршочни платни налози од по 200 евра за горење на стари гуми, информира инспекторката Чавдарова.
Таа додава дека треба да се размислува и за подрастични казнени мерки доколку се продолжи со горење на стари гуми.
Селото Костурино е познато по производство на вар, која се пече исклучиво со користење на стари гуми од возила.
Инаку, пред неколку денови во селото Костурино гореа околу 300 стари гуми, кои биле наменети за печење вар и според првичните информации тие биле намерно запалени.
Ново на Сител
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
