Адеми: Политизирањето на образованието е неприфатливо
![]()
Немам лична или партиска агенда за нарушување на квалитетот на националниот образовен систем туку, напротив, имам агенда за подобрување, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со случувањата во основното училиште „Његош“ во скопското село Јурумлери и реакциите за отворање паралелка на албански јазик.
Тој на промоцијата ЕВН-кабинетот во средното техничко во Гостивар одговараше на новинарски прашања поврзани со актулените состојби во образованието.
– Сум рекол во повеќе наврати дека не треба да се остава простор за креирање предрасуди. Ги следиме настаните во општина Гази Баба и конкретно училиштетот „Његош“ и најавите за протест. Апелирам да не го политизираме образованието, бидејќи тоа е неприфатливо и да не го претвориме во политичка или етничка арена. Да се фокусираме на обединувањето, подвлече Адеми.
Случајот со училиштето „Његош“ стана актуелно по реакциите на неколку родители кои рекоа дека има десетина ученици кои завршиле петто одделение и до сега не се запишале во шесто одделение. Тие бараат наставата за нивните деца да се одвива на нивниот мајчин јазик. Родителите најавија протести во среда.
Адеми одговори и на новинарско прашање за застојот на градбата на делот за паралелките на македонски јазик во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Според него, станува збор за неисполнување на стандардите кои се потребни при изработка на техничката документација.
– Нашите служби имаа забелешки на нивната документација. Ние, и јас ккако министер, би сноселе сериозна одговорност доколку инвестираме во проекти што не ги исполнуваат стандардите. Таков случај во општина Тетово имаше и во училиштето во Џепчиште и средното медицинско. Ние не ги делиме училиштата, наставниците и учениците и ќе им излеземе во пресрет на сите. Нека ги коригираат забелешките кои сме им ги предочиле, подвлече Адеми.
Министерот најави дека наскоро ќе градат спортски сали во гостиварските села Добри Дол и Дебреше како дел од стратегијата за инвестирање во сите општини.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
