Во Делчево означен крај на кампањата ,,Твоето не знаење, чини живот”
![]()
Со делење флаери со едукативна содржина за значењето на првата помош и со показна вежба за укажување прва помош при сообраќајни незгоди, Општинската организација на Црвен крст Делчево, денеска означи крај на активностите што беа дел од кампањата „Твоето незнаење, чини живот“.
На завршниот настан од оваа кампања, како што информираше Билјана Георгиевска, претседател на Црвениот крст – Делчево, активно учество зедоа и членови на Клубот на млади при делчевскиот Црвен крст.
– Со цел да се подигне свеста на граѓаните во делот на намалување на бројот на жртви при сообраќајни несреќи, во рамки на последниот ден од оваа кампања, Клубот на млади активно се вклучи во завршните активности, со тоа што преку делење флаери на непосреден начин, ги информираше граѓаните околу важноста за укажувањето прва помош. Исто така, се одржа и показна вежба, на која беа презентирани начините за укажување прва помош при сообраќајни незгоди, рече Георгиевска.
Таа додаде дека кампањата била успешно спроведена со опфатени над 300 вработени во јавните институции.
– Овие луѓе беа дел од вкупно шесте освежителни курсеви по прва помош, што се спроведоа со вработени во делчевската библиотека, Центарот за култура, противпожарната единица, основните и средните училишта, како и единицата на локалната самоуправа, додаде Георгиевска.
Завршниот настан од кампањата „Твоето не знаење, чин живот“ се совпадна со одбележувањето на Светскиот ден на прва помош.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
