Средба на надлежните субјекти за утврдување на планот на динамика за уривање на дивоградбите во Охрид
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор Едмонд Адеми, како и претставници на двете министерства, со цел утврдување на планот на динамика за уривање на дивоизградените објекти во Охрид.
Како што е беше неодамна најавено од Георгиески, се бројат денови па и часови до почетокот на акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид и долж крајбрежјето на езерото, опфатени во регистарот изготвен според препораките на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.
Со планот за уривање, според соопштението од Општина Охрид, прво ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки. Акцентот, како што беше речено, ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во активната зона на НП „Галичица“ и крајбрежјето.
На средбата била изразена согласност активностите на Општина Охрид во справувањето со нелегално изградените објекти да бидат поддржани од надлежните државни институции, а целата акција да се спроведува со постојана координација на надлежните институции.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
